Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Дамева: Реформа е кога ќе имаме судии со интегритет, добиените пријави за мито се паушални

Судскиот совет има механизми да се бори против коруптивните дејствија, изјави денеска претседателката на Советот, Весна Дамева.


„Странките се тие коишто можат да ни кажат дали одреден судија примал и земал мито, поткуп итн. Тоа досега, барем јас додека сум член на Судскиот совет, не било поткрепено со докази. Најчесто се тие паушални наоди и во случаи кога се паушални, Судскиот совет доставил известување до ЈО за да ги испита и провери таквите наводи“, изјави Дамева на завршната конференција за „Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022): Достигнувања, научени лекции и препораки“, во организација на Блупринг групата.


Таа посочи дека Судскиот совет донел одлука за разрешување на судија поради коруптивно дејание, но тоа било одамна. Според неа, во наредниот период ќе бидат преземени поригорозни мерки во насока на расчистувања на таквите дејствија и онаму каде што има законска надлежност ќе се постапува, а во останатиот дел ќе ги процесира случаите до надлежните институции.


Резултатите на Судскиот совет, како што посочи таа, во иднина ќе бидат повидливи за јавноста, бидејќи транспарентноста ќе биде позголемена.


„Не е реформа само да се донесат закони, да се сменат судии или да се проверува нивната работа и имот, реформа е кога ќе имаме судии со интегритет и кога македонскиот правосуден систем ќе испорача ефикасна и ефективна правда еднаква за сите“, додаде таа.


Дамева додаде дека граѓаните треба да го почувствуваат Судскиот совет како близок орган на кој може да пријават и кажат одредени проблеми во судството и затоа, советот ќе мора да ја доближи работата до јавноста.




Претседателот на Совет на јавни обвинители Антонио Јолевски пред конференцијатаизјави дека работата на обвинителството и особено на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е клучна во борбата против корупцијата.


„Сметам дека тоа обвинителство ќе треба сега малку повеќе и поинтензивно да работи“, изјави тој одговарајќи на новинарски прашања за критиките од странство за борбата против корупција.


Според Јолевски, резултатите ќе се видат кога ќе почне да се отвораат предмети, нагласувајќи дека тоа е подолг процес и не може веднаш да се видат резултатите. Обвинителствата, посочи Јолевски, работат со една третина помалку од потребниот број од 244 обвинители, односно дека во овој момент недостигаат 82 обвинители.

 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus