Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

ЕУ бара од Црна Гора да ги поништи измените на Законот за претседател

Европската унија ги повика сите политички актери во Црна Гора итно да преземат активности за да се обезбеди функционирање на Уставниот суд и да се поништат измените на Законот за претседател. Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, изјави дека од витално значење е сите во Црна Гора да покажат максимална воздржаност од понатамошни провокативни дејства. Таа оцени дека Црна Гора пропуштила уште една можност да именува членови на Уставниот суд и да стави крај на институционалната криза. „Целосно функционален Уставен суд составен од надлежни членови е клучот за Црна Гора да ги заштити основните права на своите граѓани и да напредува на европскиот пат“, рече таа во објавата на Твитер. Амбасадата на Соединетите држави повика на итно враќање на мирниот и конструктивен дискурс. „Ги повикуваме сите црногорски лидери и граѓани да ги продолжат разговорите и да најдат мирни решенија за политичките проблеми“, напишаа од Амбасадата на Твитер профилот.


Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Подгорица


Граѓаните кои протестираа поради прегласувањето на измените на Законот за претседател синоќа се разотидоа и мирно е пред Собранието по вечерашните инциденти кога демонстрантите ја пробија металната ограда, а полицијата фрли солзавец додека собраниската зграда беше погодена со факели и шишиња. Организаторите на протестот најавија дека денеска ќе бидат блокирани патиштата низ Црна Гора, а в сабота ќе се одржи голем митинг во Подгорица. Демонстрантите во текот на денот блокираа неколку клучни патишта во градот, а протестот го поддржаа опозициските партии предводени од најголемата, Демократската партија на социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ. Оваа партија соопшти дека ќе дејствува надвор од институцијата по вчерашното повторно усвојување на измените на Законот за претседател, кои ги нарекоа уставен пуч.


Уапсен црногорскиот специјален обвинител Саша Чаѓеновиќ


Пратениците на црногорскиот парламент повторно ги усвоија измените на Законот за претседател со кои Собранието презема дел од надлежностите на шефот на државата при предлагањето на мандатот за состав на новата влада и го отвора патот за парламентарното мнозинството да го изберат својот кандидат. Измените на законот беа усвоени и покрај препораките на Венецијанската комисија и Европската унија да се откажат од него. Претходно Собранието на Црна Гора ниту во вториот круг од гласањето не избра четворица судии на Уставниот суд, со што ја продолжи блокадата на таа институција. Уставниот суд на Црна Гора од 13 септември нема кворум за одлучување, бидејќи има само тројца од седум судии.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus