Столтенберг - НАТО и КФОР остануваат будни на Косово
Столтенберг потврди дека разговарал со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, по средбата на највисоко политичко ниво меѓу претставниците на Европската унија (ЕУ) со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.
„Разочарани сме што не е можно да се реши спорот со регистарските таблички“, напиша Столтенберг по разговорот со Борел.
„Сега е време за одговорност и прагматични решенија. Ескалацијата мора да се избегне. НАТО и КФОР остануваат будни“, објави Столтенбег на својот Твитер профил.
Косовската полиција најави казни за возачите со српски таблички од 22 ноември
По повеќечасовниот состанок денеска во Брисел не беше постигнат договор за кризата со регистарските таблички на Косово. По средбата, меѓу шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, ЕУ побара од Косово веднаш да се откаже од казнување, а Србија да го прекине издавањето на регистарските таблички.