Вахл - Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година ќе биде тешка задача
Амбасадор Вахл упатил отворена поддршка во текот на претседавањето, особено напомнувајќи дека претседавањето со ОБСЕ во 2023 година ќе биде тешка и предизвикувачка задача, пред сè поради отворената агресија на земја-учесничка и другите актуелни случувања во регионот на ОБСЕ, се наведува во соопштението од Министерство за надворешни работи (МНР).
Министерството соопшти дека Османи изразил задоволство од назначувањето на амбасадорот Вахл за шеф на Мисијата на ОБСЕ, како експерт со практично искуство во прашањата за Југоисточна Европа и Западен Балкан.
Шефот на дипломатијата нагласи и дека го цени фактот што Вахл доаѓа од Германија, земја постојан поддржувач на Северна Македонија и истакнат геополитички актер и важна членка на ОБСЕ.