Со камен оштетен излогот на „Цар Борис Трети“ во Охрид
Полицијата работи на расчистување на настанот, информира за МИА портпаролот на полицијата во Охрид, Стефан Димоски.
Оштетувањето, според првичните информации било направено со камен.
Пред повеќе од еден месец, односно само неколку дена од отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше искршена таблата на која е испишано името на здружението. Кривичното дело го направил 47 годишен охриѓанец, кој сам се пријавил во полиција.
Отворањето на клубот во Охрид и претходно на културниот центар Иван Михајлов Битола, кои носат имиња на контроверзни личности, наиде на реакции, протести и незадоволство кај македонската јавност и кај политичарите.
Собранието на 2 ноември годинава изгласа измени на Законот за здруженија и фондации со кои здруженијата имаат рок од три месеци да ги усогласат своите имиња или ќе бидат избришани од Централниот регистар.