Изет Меџити од таканаречената „Огнена група“ на ДУИ , пред почетокот на првата конститутивна седница на новоизбраното претседателство на партијата најави дека ќе бараат смена на Артан Груби.
„Ќе згреши било кој што мисли дека ќе има само формална дебата. Мислам дека ова е Демократската унија за интеграција каде што секогаш има жестоки дебати во функција да се исправиме самите ние, пред да не поправи народот. Поради неефикасност, нереализирање на програмата, ќе бараме смена на господинот Груби“, рече Меџити.
Муса Џафери, кој исто така е дел од оваа група, најави дебата.
„За состојбата во државата нема напредок, само има напредок во надворешната политика, патеката кон ЕУ интеграциите и членка сме на НАТО, додека економијата е слаба и затоа ќе бараме придвижување на позициите, нека дојдат нови генерации што се поподговени“, изјави Џафери.
Груби, пак, имаше кратката изјава.
„Сончев и убав прекрасен ден, прекрасен ден и за ДУИ и за сите граѓани. Колку што ќе трае, толку“, рече Груби.
Груби сменет од партиската функција, изборите во ДУИ ги доби „Огнената група“
Реорганизацијата на партијата почна откако во септември т.н. Огнена група побара реформи во ДУИ. По неколку средби на претседателот Али Ахмети со ограноците се одржа Централен совет на 15 октомври кој се избра новото претседателство кое денеска е на средба.
„Ова е првата конститутивна седница на централното претседателство. Ќе се бираат секретаријатите, советничкиот тим на Ахмети, а потоа ќе има евалуација на сите избрани функционери. Не очекувам да има некои значајни одлуки“, изјави партискиот портпарол Бујар Османи пред почетокот на средбата.