Продолжуваат протестите во Иран - наставниците најавија штрајк
Повикот на Синдикатот на наставници доаѓа по извештаите за смртта на неколку студенти-демонстранти од рацете на државните безбедносни сили како и апсењата за време на протестите. Наставниците ќе се појават во училиште, но нема да држат настава.
Над 200 загинати во немирите што го потресуваат Иран
Дваесет и две годишната Махса Амини почина на 16 октомври во притвор откако беше приведена од полицијата за морал. Очевидци велат дека Амини била претепана, додека иранските власти рекоа дека таа починала од болест, но без да дадат докази за нивното тврдење.
Смртта на Амини предизвика низа протести кои траат повеќе од еден месец, а кои Владата се обидува брутално да ги задуши. Според организацијата „Иран за човекови права“ (ИЧП) најмалку 215 луѓе се убиени, вклучително и 27 деца во демонстрациите што го потресоа Иран.
Апсени беа и средношколци кои потоа биле испраќани во кампови за превоспитување.