Договорот за Фронтекс ќе биде потпишан на 4 ноември во Скопје
Советот на ЕУ го потпиша договорот со Северна Македонија за соработка со Фронтекс
Таа додаде дека ќе му предложи на Европскиот совет да усвои нов мандат за преговори за улогата на европската агенција за заштита на границите Фронтекс, за во иднина земјите на Западен Балкан да можат да бидат распоредени не само на надворешните граници на ЕУ, но и на внатрешните граници во регионот.
Претставници на Западен Балкан постигнаа договор во Берлин за усогласување на визниот режим со ЕУ
Во регионот веќе има 300 членови на Фронтекс и тие играат важна улога и се планира тој број и улога уште повеќе да се зголеми, рече Јохансон. Таа, исто така, изрази надеж дека на 3 ноември во Тирана на министерската конференција ЕУ-Западен Балкан за трговија со луѓе ќе биде усвоен договор за оперативно партнерство во борбата против овој вид криминал. Германската министерка Фесер беше домаќин на министерски состанок во Берлин, на кој министрите и претставниците на земјите од ЕУ и шесте од Западен Балкан разговараа за борбата против илегалната миграција, шверцот на луѓе, корупцијата и организираниот криминал, како и за третманот на лицата кои се враќаат од областите контролирани од џихадистите.