Сите автобуси на ЈСП во четвртокот попладне се вратија на улиците низ главниот град, откако Град Скопје обезбеди плата за вработените. Автобусите половина ден беа гаражирани, возачите одбија да возат, оти им доцнеше плата за септември. Градот Скопје, под чија капа е јавното претпријатие, скрати од други проекти за да им исплати плати.