Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена направени се 953 тест, а регистрирани се 80 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 18 се реинфекции. Оздравени се 118 пациенти.
Во текот на изминатите 3 дена пријавени се две починати лица од Скопје(80г) и Гостивар(70г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Хрватска донираше вакцини против Ковид-19 во Македонија
Досега во земјата се направени вкупно 2.177.159 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.665, бројот на оздравени пациенти е 333.824, на починати е 9.553, а бројот на активни случаи изнесува 288.