Ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја. Попладне и во текот на ноќта кон петок врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни и поројни (локално над 30 л/м2). Дневната температура ќе се движи од 11 до 20 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 18 степени.