Криза е, а во ситуација на зголемена инфлација граѓаните се обидуваат да заштедат како знаат и умеат. Еден од начините да се намалат трошоците за греење е инвестицијата во топлинската изолација во домовите. Граѓаните кои вложиле во фасада и нови прозорци и врати велат дека им се намалиле сметките за струја. Од фирмите пак велат дека продажбата на прозорци се намалила.