Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Нови двајца директори на скопски претпријатија и поднесоа оставки на Арсовска

Двајца директори на јавни претпријатија кои се под капа на Градот Скопје денеска си поднесоа оставки. Станува збор за вршителот на должност директор на Јавното претпријатие Градски паркинг Бојан Христовски и неговиот колега директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“ Јане Мицевски. 


Христовски објаснувањето за потегот го објави преку социјалната мрежа Фејсбук, а го пренесе Центарот за комуникации на ВМРО- ДПМНЕ. Неговата оставка доаѓа на само еден ден откако градоначалничката на Скопје Данела Арсовска отпушти двајца вд функционери, директорот на скопското јавно претпријатие „Водовод“ Златко Пирински и генералниот секретар на Град Скопје Ѓоко Велковски. Христовски си поднесува оставка по само 8 месеци од неговото именување на функцијата.


Тендерот за Пречистителна станица ги скара Арсовска и Мицкоски?


„Поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реалираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од позицијата вд директор на ЈП Градски паркинг – Скопје“, се вели во неговата објава.


Тој посочува дека постоела нарушената координација со градоначалничката и дека тоа е сериозна опасност за непречено функционирање на скопската локална самоуправа, а на штета на граѓаните.  Тој вели дека не сака да биде дел од систем каде приоритет не се „нашите цели и проекти, и каде нема поддршка од Градот ниту пак има нормална комуникација со градоначалникот“


„Дополнително вчера бевме сведоци на политичко-медиумска конструкција против директорот на едно јавно претпријатие и секретарот на град Скопје, при што без никакви факти и аргументи истите беа експресно „елиминирани“, вели Христовски.


Мицкоски: Велковски и Перински имаат моја недвосмислена поддршка


Според него, во игра се индивидуални интереси и тоа покажува дека не им се посветува внимание на она што им беше ветено на граѓаните за модерно Скопје. 


Со сличен став се јави и Мицевски кој вели дека клучен проблем било немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај, како што тврди бројните обиди тоа да биде сменето.


„Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје. Поради сето ова јас денес си поднесувам неотповиклива оставка од местото прв човек на Дрисла“, вели Мицевски.


Оставките на Мицевски и Христовски следуваат по несогласувањата меѓу градоначалничката и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која и ја даде поддршката на Арсовска за време на локалните избори.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus