Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Армиски хеликоптер се упати кон Берово, повик до месното население да помогне во гаснење на пожарот

Со армиски хеликоптер кој тргна кон беровскиот регион ќе им се помага на пожарникарите и месното население во гасење на пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци кој е надвор од контрола.


Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов рече дека доколку има услови хеликоптерот ќе интервенира и ќе исфрли вода над опожарените површини. Веќе за утре најавено е дека доколку има потреба од воздух ќе се вклучат еден полициски, еден армиски хеликоптер, но и авион ЕР-трактор.



Гори шума во делчевско и беровско


Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пеќевски вели дека сите институции се ангажирани во гаснењето на големиот пожар. Тој претходно го повика локалното население да е вклучи во гасењето на пожарот, а упати и барање до Центар за управување со кризи за гаснење на пожарот од воздух.


„Поради големиот настанат пожар на месноста меѓу селата Митрашинци и Будинарци, во која е зафатена голема површина од дабова и нискостеблеста шума бараме од Вас да ни излезте во пресрет на гаснењето на пожарот со воздушна поддршка-хеликоптери“, е наведено во барањето.


Пожарот излезе од контрола доцна попладнево поради ветерот, а зафатени се над 50 хектари шума. Бил регистриран синоќа на сува трева од страна на вработените на ЈП „Македонски шуми“.


Пеќески посочи дека веќе имаат индиции дека пожарот е подметнат, а на терен веќе е инспектор за пожари и се прават разговори со месното население.


Во меѓувреме пожарот во делчевската област Пијанец, меѓу селата Разловци и Трботилиште е ставен под контрола, но се уште постои опасност ветерот да ја проблематизира состојбата, велат од општината.



Противпожарните авиони приземјени, сервисот чини ѓавол ипол


Првичната проценка е дека и во Пијанец е зафатена површина, односно шума од околу 50 хектари, а гори сува трева, дабова и борова шума. Според информациите од општината, во негово гасење се вклучени над 30 лица пожарникари, вработени во Шумското стопанство, Доброволното противпожарно друштво, полициски службеници, како и припадници на граничната полиција „Исток“, а месното население со механизација прави бразди за да не се проширува огнот.


Од денеска до недела земјава е зафатена со високи температури од портокалова фаза.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus