Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Се отвораат пет ковид амбуланти во Скопје - нема нови мерки за заштита од вирусот

Епидемиолошката состоба во државата е стабилна и засега нема дополнителни превентивни мерки, изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ по денешниот состанок на нејзините членови.


Новина е само тоа што во текот на наредната недела ќе почнат со работа пет КОВИД амбуланти на територијата на градот Скопје, во поликлиниките „Идадија“, „Горче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир.



Бројките на ковид заразени растат, интересот за имунизација стагнира


Како што појасни Мехмедовиќ, нема зголемување на бројот на хоспитализирани во болниците, кои имаат капацитети да ги згрижат сите граѓани кои имаат потреба. Притоа посочи дека Градот Скопје е најзасегнат со новозаразени пациенти, поради што било одлучено новите пет ковид амбуланти да се наоѓаат на територијата на главниот град.



Нови бранови на инфекција со нови варијанти на сојот омикрон


„Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите“, рече Мехмедовиќ.



Според портпаролот на Комисијата, трансмисијата на вирусот е висока, но не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не и луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болница.


Инаку, во последните 24 часа се направени 1.631 тестови при што се регистрирани нови 788 случаи со Ковид -19, 541 оздравен пациент и двајца починати од кои едниот од Струга (89 г), а другиот од Охрид (92 г). Двете лица починале во болнички услови. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 191 реинфекции, соопшти Министерството за здравство.



Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица од Куманово (81г) и Гостивар (78г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 07.07.2022 – 12.07.2022г.



Вкупниот број ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 321.386, бројот на оздравени пациенти е 308.199, на починати е 9.349, а на активни случаи изнесува 3.838 од кои повеќето се во Скопје.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus