Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Клеман Бон: Некои точки во рамката ги засегаат посебните преокупации на Бугарија

Државниот секретар за европски прашања на Франција, Клеман Бон се огради од ставот дека францускиот предлог е спротивен на македонските интереси, но истакна дека треба да се земат предвид бугарските преокупации на внимателен начин.



„Држевме до принципот, во контакт со Европската Комисија и нашите европски партнери, дека преговарачката рамка не е место за чисто билатерални преговори. Мора да се констатира дека има билатерална блокада со месеци. Внимателно и со баланс, но отфрлам дека ова би било против интересите на Северна Македонија, напротив, во контакт и со Скопје, преку информациите од билатералните дискусии меѓу Скопје и Софија, но и преку директни контакти што ги имавме, што Европската Комисија ги имаше со двете страни, велам дека има некои теми кои немаат директно билатерален карактер, но ги засегаат преокупациите на Бугарија во нејзиниот однос со Северна Македонија, во преговарачката рамка, на внимателен и ограничен начин“, изјави Бон.



Тој повеќепати истакна дека не сака да дава детали затоа што преговорите сѐ уште траат и не сака да ги загрози.



„Многу земји членки потсетија на секој чекор, и оправдано, дека преговарачката рамка не е местото каде се третираат сите билатерални прашања. Има преокупации кои можат да имаат трансверзален карактер и кои ги интегрираме во преговарачката рамка на таргетиран начин. Тоа е калибирирањето што се обидуваме да го најдеме, тоа е срцето на темата, тоа таргетирање, во дух на баланс и правичност, додаде францускиот државен секретар за Европа.


Бугарија одлучува за ветото, Ковачевски за присуство на самит на ЕУ во Брисел



Бон истакна дека правилото во преговорите со ЕУ е дека секоја етапа се отвора со едногласност на сите држави членки.



Францускиот државен секретар и претседавач со денешниот состанок дополнително истакна дека ги поздравува напорите на Скопје и Софија во последниот период да изнајдат решение.



„Целта е да се отворат преговорите, за прв пат видовме добра волја“, рече Бон коментирајќи ја бурната политичка сцена во Софија.



Запрашан за учеството на премиерите на Албанија и Северна Македонија и претседателот на Србија на претстојната Конференција за Западен Балкан, за која тројцата треба да донесат одлука дали ќе допатуваат во Брисел, францускиот државен секретар рече дека се надева дека што повеќе учесници ќе бидат дел од неа

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus