Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Казни од 500 до 10 илјади евра за нечесни трговски практики

Владата го усвои Законот за заштита на потрошувачите на предлог на Министерството за економија, објави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.


Министерот укажа дека како новина се воведува посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики при продажба, вклучувајќи ги и дигиталните понуди.



„Одредена трговска практика е нечесна ако го доведува во заблуда потрошувачот, особено ако не се наведуваат јасно условите. Трговска практика се смета за нечесна ако го доведува во заблуда потрошувачот, па дури и ако информаците се точни, но го доведуваат во заблуда потрошувачот да донесе одлука која не би ја донел во вообичаени услови. Нечесно е и ако со принуда или примена на сила го доведе во заблуда потрошувачот или го наведе на пазарна одлука која не би ја донел во други услови“ појаснува Бектеши.


Министерот укажа дека во зависност од големината на компанијата, предвидени се казни од 500 до 10 илјади евра казна за непочитување на законот.



„Во делот на санкциите, предвидена е и привремена забрана за работа од три месеци до две години, за среден и голем трговец, и 20 дена за микро и мал трговец. Одговорните лица, ќе добијат забрана за вршење дејност од 3 месеци до 1 година“, посочи Бектеши.



Горивото ќе го „изгори“ џебот на тие што годинава ќе одат на одмор


Нагласи дека потрошувачите чии права се повредени со користење на нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики од страна на трговецот имаат право на надоместок на штета која ја претрпеле, имаат право и на сразмерно намалување на цената и раскинување на договорот, додека за трговците следат глоби, санкции и забрана за вршење на дејноста.


„Во зависност од големината на компанијата прекршоците и глобите се движат од 500 до 10.000 евра. Во делот на физичките лица или трговците поединци се помали глобите, но другите одредби важат за сите.  Во делот на прекршочните санкции предвидена е и привремена забрана за вршење на дејност и тоа во траење од 3 месеци до 2 години од страна на надлежен суд за среден трговец и голем трговец и од 15 до 30 дена за микро и мал трговец од странана Комисијата за одлучување по прекршоци. На одговорните лица, пак, и кај правните лица е предвидена забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од 3 месеци до 1 година од страна на надлежен суд, а кај трговец поединец во траење од 15 до 30 дена од страна на Комисијата за одлучување по прекршок“, истакна Бектеши.


Овој закон според министерот ќе помогне во заштита на потрошувачите и за заштита на ранливите категории на граѓани во деловните трансакциим а истовремено се уредуваат правата и обврските на здружението за зашита на потрошувачите.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus