САД со ова го потврдуваат својот интерес за продолжување на процесот за стабилизација на Балканот, особено кога европската перспектива на регионот не е најјасна. САД сакаат да демонстрираат дека билатералните односи со Македонија, ќе бидат подигнати на повисоко ниво, вели професор Васко Наумовски.