Голем пожар избувна во деловниот центар Гранд Сетун Плаза во западна Москва, соопшти во руското Министерство за вонредни состојби. Во нивното соопштение е наведено дека засега нема пријавено жртви .
Според Министерството за вонредни состојби, 120 луѓе се спасени од зградата и напорите за гаснење на пожарот се во тек. Пожарот зафаќа површина од 1.000 метри квадратни, соопшти Министерството.
Според извештаите во руските медиуми и објавите на социјалните мрежи, можно е непознат број луѓе да се заробени на горните нивоа на 10-катниот деловен центар Гранд Сетун Плаза во западна Москва.
Пожарот ги зафатил првите четири ката. Пожарот е мошне опасен и сложен, рекле за РИА Новости службите за итни случаи. Во гасењето на пожарот се активирани 200 пожарникари. Министерот за вонредни состојби Александар Куренков изјави дека лично ги надгледува напорите на пожарникарите да го изгаснат пожарот и да помогне во спасувањето на оние кои можеби се уште се наоѓаат во зградата.