Обилните врнежи од дожд околу пладне денеска во Тетово кои траеја околу еден час беа толку силни што се поплавија огромен број улици низ градот. Поплавени беа улици и булевари во сите делови од градот без разлика на местоположбата.
На неколкумина жители на Тетово им беа поплaвени и возилата оставени на улиците, како кај касарната, подвозникот за Фалише и на други места.
Силното невреме синоќа во Лозово предизвика огромни штети
„Водата ни влезе и во дворовите на куќите како и во подрумите. Откако престана дождот почнавме со вадење на водата од подрумите со кофи и други помагала“, велат граѓаните од улицата „Благоја Тоска“ и „Љубо Божиновски-Пиш“.
Во дел од дворовите поради надојдената вода на граѓаните им беа поплавени и оштетени разни апарати и предмети кои биле оставени на тие места.