Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Пратениците ќе дебатираат за нови уставни судии

По речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии поради испразнети места, денеска пратениците ќе дебатираат за утврдување на предлози за нови уставни судии. Закажувањето на оваа седница доаѓа откако вчера пратеници ја известиле претседателката на Комисијата, пратеничката Марија Георгиевска, дека сакаат да достават предлог-имиња. Своите предлози тие ќе ги изнесат на самата седница.


Од Уставниот суд бараа во неколку наврати пратениците да го почитуваат Уставот и да изберат и именуваат нови уставни судии. 


„Ако до декември не се изберат уставни судии тоа ќе значи клуч на врата за Уставниот суд, нешто што досега не се случило во историјата на демократска Република Северна Македонија“, се вели во одговорот од Уставниот суд за Радио Слободна Европа.


Зошто власта, а ни опозицијата не предлагаат нови уставни судии


Уставниот суд во моментов од предвидени девет има само пет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии: Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.


Поради недостиг на двотретинско мнозинство во Уставниот суд над 30 предмети чекаат наредна седница кога Уставниот суд ќе биде во полн состав. 


„На седницата која беше одржана на 13 април имавме три иницијативи и едно барање за заштита на слободи и права и за прв пат се случи ниту еден предмет да не помине, затоа што немаше пет гласа „за”, колку што е предвидениот минимум. Меѓу предметите кои се од витално значење за државата, а се со готови реферати и подготвени за седница се Указите за Преспанскиот договор, Законот за употреба на јазиците, Законот за социјална заштита итн.“ се вели во одговорот за РСЕ од Уставниот суд. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus