Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што краткотрајно ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 24 степени.