Иако штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги е се уште активен, денеска матичарите незадоволството за неисполнетите барања ќе го изразат излегувајќи на протест и блокирајќи го центарот на Скопје.
Двочасовниот мотопротестен марш со колона од 30 до 50 возила ќе започне во 15 часот од Жена парк, а ќе се движи во правец на Министерство за правда, најави Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) и Независниот Синдикат на управата за водење матични книги.
„За време на протестот ќе бидат блокирани лентите во двата правци и семафорот кај Палома Бјанка (до Министерство за правда)“, се наведува во соопштението на КСОМ.
Пред Министерството за правда, планирана е прес-конференција со која ќе бидат пренесени сите актуелности во Синдикатот на управата за водење на матичните книги.
Матичното кога штрајкува не може да издава и згрешени изводи
Вработените во Управата за водење матични книги продолжуваат со штрајкот
Штрајкот на вработените на Управата за водење матични книги започна пред една недела, а ќе продолжи како што најавија, сè до исполнување на барањата за потпишување колективен договор, линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.
Иако се во штрајк, вработените издаваат дел од документите кои се за потреби на граѓаните поврзани со странство, како за лекување, смртни случаи, раѓање и слично, а се склучуваат и бракови кои се закажани до 26 април.
Неколку пати од почетокот на штрајкот, од синдикатот обвинија дека се врши притисок кон вработените да го прекинат.