Во изминатото деноноќие регистрирани се 139 нови случаи на ковид -19 од 1424 направени тестови и не се пријавени починати лица. Од вкупниот број нови позитивни, 25 се реинфекции, соопшти Министерството за здравство.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (73г), кој починал на 1 мај 2022 во домашни услови.
На Македонија ѝ се заканува епидемија со морбили?
Вкупниот број на ковид -дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 310 063 од направени 2 026 507 тестирања. Оздравени се 300 107 пациенти, бројот на починати е 9284, а активни случаи има 672.