Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Неделков- Штрајкот продолжува, не добивме ветување за поголеми плати од МОН

Штрајкот продолжува и наредните денови, затоа што немаме конкретно ветување дека платите ќе бидат зголемени, изјави денеска претседателот на СОНК Јоаким Неделков по новата рунда преговори во Министерството за образование. Тој во изјава за медиумите посочи дека на средбата со министерот за образование Јетон Шаќири се разговарало повеќе за продолжување на наставата и како ќе се надополнат часовите како и за тоа кои се последиците од штрајкот.


„Очекуваме од министерството овие денови да излезат со конкретен предлог и некаков допис кој на писмено ќе го имаме од нив како гаранција за тоа што се договараме. Дали веднаш ќе можеме да го ставиме штрајкот во мирување или не ќе зависи од тоа што министерството за образование и наука односно Владата ќе излезе со предлог,“ изјави Неделков.


Тој додаде дека на иста линија се со министерот дека преговорите мора да се интензивираат за што побрзо да се најде взаемно решение со кое децата ќе се вратат во училишните клупи.



Властите повикуваат СОНК да го прекине штрајкот, Неделков се надева на решение


Претходно со писмено соопштение од МОН беше посочено дека на средбата со СОНК се разговарало продолжување на преговори и прекин на штрајкот.


„ Одлуката на СОНК за организирање генерален штрајк во образованието не само што не го надминува предизвикот, туку напротив, создава повеќе дополнителни проблеми. Затоа, апелирам до вас како раководство на синдикатот да ја промените политиката на изразување незадоволство на ваков начин и да му дадете можност на социјалниот дијалог. И вие како синдикална организација и ние како институции знаеме дека тоа е најдобрата опција за надминување на секоја ситуација во која постојат несогласувања“, изјавил министерот Шаќири на средбата, се вели во соопштението од МОН.


Во него е наведено дека Шаќири  рекол оти повисоки плати за наставниците ќе има.


„На тоа работиме и ќе го одржиме ветениот збор, како што тоа го направивме и во три наврати во изминатите години, зголемувајќи ги личните примања на вработените во училиштата за над 21 процент“, изјавил тој.



Штрајкот во училиштата и градинките почна со многу прашалници


По едномесечни преговори и тридневен штрајк на средното и основното образование Неделковски изјави дека синдикалните просветни работници сакаат што побрзо штрајкот да заврши во интерес на учениците и родителите.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus