Мало поевтинување на бензините, дизелот поскапува за денар
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 77, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,805 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 52,354 денари.
Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат референтните цени на дериватите на светскиот пазар кои кај бензините се намалени во просек за 1,048 отсто, а кај дизелот зголемени за 0,668 отсто, како и за 0,059 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Стопанска комора апелира мерките што се носат да не го нарушат работењето на компаниите
Поради растот на цените на светските пазари цените на енергенсите почнаа да растат кон крајот на минатата година, а по руската инвазија на Украина тие дополнително се зголемија бележејќи рекорди. Со измени на законите со кои се намалува ДДВ-то, маржите и царинските давачки за горивата, цените од минатата недела почнаа да се намалуваат за по некој денар.