Украина обвини за руски напад во Одеса
Градскиот совет соопшти дека никој не загинал во нападот, но дека нападот предизвикал пожар, кој брзо бил изгаснат.
Градоначалникот на Одеса Хенади Труханов го посети местото и рече дека нема да го напушти градот и ќе се бори за него.
„Ова се станбени згради во кои живеат мирни луѓе“, рече тој.
Русија негира дека целела на цивили.
Киев повторно гранатиран, Мариупол не се предава
Одеса се наоѓа во југозападна Украина и досега главно ги избегнуваше борбите, иако Русија има бродови кои оперираат покрај брегот на Црното Море.
Украина нема друго големо пристаниште на кое може да се потпре, а евентуално заземање на Одеса би значело Русија ефективно да доминира со целиот северна брег на Црното Море.