Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Почна собраниската седница за Предлог-законот за минималната плата

Започна собраниската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата со кој минималната плата треба да изнесува 18.000 денари.


Законот е предложен откако на Економско-социјалниот совет во Владата овој месец беше постигнат договор со Сојузот на синдикатите на Македонија и со Организацијата на работодавачи да се зголеми износот на минимална плата на 18 илјади денари.


Страните се договорија покачувањето да почне од мартовската плата, а од Владата беше наведено дека работниците ќе имаат покачување од околу 45 евра.



Минималната плата се зголемува на 18 илјади денари


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Собранието го образложи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата.


Таа рече дека текстот е подготвен во дијалог со работодавците и работниците и дека е донесено решение кое го поддржале сите, односно минималната плата да биде 18.000 денари.


„Во самиот Предлог-закон е предвидено државата да ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите за минималната плата, која во моментов е 15.200 денари, до онаа која ќе се исплаќа од март а која ќе изнесува 18.000 денари“, рече Тренчевска.



Седница на Економскиот совет на Владата за минималната плата


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски рече дека нивната пратеничка група ќе го поддржи предлог законот за минимална плата.


„Не е потребно зголемување само на минималната плата, туку на сите плати во сите дејности“, рече Стојановски.


Пратеничката од редовите на Алијанса на Албанците, Илире Даути рече дека платите треба да се покачуваат скалесто и дека нивните два амандмана не биле прифатени на Комисијата за труд и социјална политика.


Даути рече дека државата не треба дополнително да ги оптоварува бизнисмените со давачки за вработените и дека треба да им помогне и за следните две години.


Претходно, пратениците ги усвоија Законот за ратификација на Договорот за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово, измените во Законот за Царинската тарифа, измените во Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација, како и измените во Законот за платен промет.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus