Времето денеска ќе биде сончево време со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во планинските подрачја и во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.
Минимални температури под нулата утринава се измерени насекаде низ државата. Најстудено е во Маврово каде се измерени -16 степени, а во Гевгелија се измерени -2 степена.