„Гласен текстилец“ - 46 македонски компании воопшто не исплатиле К-15
Од „Гласен текстилец“ велат дека имаат пријави од работници од Штип, Скопје, Куманово, но и од останатите градови низ земјава.
Најголем број од пријавените фирми се од текстилната и кожарската индустрија, но има и приватни здравствени установи, карго услуги, автошколи, фирми кои се занимаваат со угостителски дејности, продавници и казина.
Заобиколувањето на правилата за К-15 на штета на работниците
Работодавачите во приватниот сектор имаат законска обврска на вработените да им исплатат регрес за годишен одмор односно К- 15, до крајот на годината. За 2021 минимум изнесуваше 11 457 денари.