Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Бомгартнер: Отворањето на преговорите со С.Македонија нема утврден рок

Францускиот амбасадор во Скопје, Сирил Бомгартнер најави дека зајакнување на европската сила и моќ, заштита од безбедносните, но и секаков друг вид предизвици со кои се соочува ЕУ, заштита на здравјето на граѓаните, економската обнова, но и активности за зајакнување на чувството на припадност се дел од приоритетите за време на француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година.


„Што се однесува до прашањето на проширувањето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија, за оваа тема нема некој точно утврден рок, затоа што тој зависи од меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите. Во овој момент е невозможно да се утврди точен датум, но, јасно е дека со француското претседателство постојано ќе се поддржува земјата, за да може работите да напредуваат конструктивно и во добра насока, со цел колку што е можно побрзо и во текот на француското претседателство да се постигне значителен напредок кој сите го очекуваат“, порача амбасадорот Бомгартнер пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции пред кој ги презентираше приоритетите на француското претседателство.


Според него, нема да се зборува само аспект на прашањето за членство, туку и од останатите теми кои се важни за Унијата, но и за земјата како идна членка на ЕУ.


„Многу зборуваме за ЕУ, но, секогаш низ призмата на членството и проширувањето, што е можеби нормално и природно. Но, Европа се соочува со големи предизвици и за да можат да се решат има политичка амбиција во повеќе области од сето тоа и вие Македонците сте директно засегнати, затоа што е добро да се подготви утрешна Европа, но, тоа е и ваша иднина како европски народ и како земја која еден ден ден ќе биде дел од ЕУ“, додаде тој.


Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека е важно спроведувањето на реформите.


„Реформите кои ги планирате ќе бидат добри за Европската унија, а со тоа и за идните земји членки и за оваа држава. Важно е во исто време да видиме напредок на билатералното прашање со Бугарија и да видиме дека Северна Македонија продолжува да напредува и со реформите на својот европски пат, рече Гир.


Гир порача и дека од владејачките и од опозициските партии очекува обединување околу европските приориотети како придобивка за сите. Надежите дека во декември земјата ќе добие датум за преговори за време на словенечкото претседателство со ЕУ се урнаа откако Бугарија соопшти дека нема намера да ја промени својата позиција.



Петков сепак доаѓа во Скопје


Инаку, Бугарија ја блокира македонската европска интеграција од 2020 година, тогаш главно поради историски нерешени прашања, а со инсистирање Скопје да признае дека македонската нација не постоела до 1944 година, дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот, дека двете земји имаат заедничка историја, а таа е бугарска.



 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus