Воздухот во градовите во Македонија повторно е високо загаден, но наместо сериозни мерки партиите се препукуваат кој е виновен и што (не)направил додека бил на власт. Истовремено, буџетите за борбата против загадувањето се намалуваат, а средствата се зголемени за скапи автомобили и мебел.