Србија сè уште ги има најголемите вооружени сили во поранешна Југославија, а тие сочинуваат околу 40 насто од бројот на сите армии создадени по распадот на СФРЈ, пишува порталот Балканска безбедносна мрежа. Србија има околу 22.500 под оружје, потоа Хрватска со 14.836 и БиХ со 14.431. Северна Македонија има 6.850 членови, Словенија има 5.889 активни членови и Црна Гора 1.720 членови.
Србија демонстрира воена сила и најавува нови инвестиции за вооружување
„За разлика од другите, Србија има голем број институции за образование, воена медицинска заштита, истражување и развој на оружје и логистика. Некои од нив се Воената академија, Воено-техничкиот институт, Воено медицинската академија, Воената болница во Ниш и институтите во Чачак, Крагуевац и Батајница“, се вели во текстот.