Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска изјави дека согласно планот за проверка на имотната состојба наредната година ќе се проверуваат податоците од изјавите за имот на 10 судии и 10 обвинители, 10 директори на јавни здравствени установи, четворица раководни лица во државните инспекторати за транспорт, за градежништво и урбанизам, за животна средина и за земјоделство. Според неа, првпат ќе се проверуваат и изјавите на 10 претседатели на совети во локалната самоуправа и 10 директри на јавни претпријатија.
Ивановска - Заложбите на ДКСК не го даваат посакуваниот ефект
Составен дел на планот, како што наведе Ивановска, е и акциски план за проверка на имтоната состојба и судир на интереси од областа на правосусдтвото, локалната самоуправа и органите на извршната власт. Таа посочи дека овие области се оценети во последните години како ризични во однос на перцепцијата на граѓаните во разни анкети или нивни искуства за коруптивните дејствија.