Две лица загинаа во пожар во одделението за интензивна нега во болница во која се лекуваат пациенти заразени со Ковид-19 во јужниот руски град Астрахан, објавија агенциите ТАСС и Риа Новости денеска, цитирајќи извор од службите за итно спасување. Агенцијата ТАСС јави дека пожарот е веќе изгаснат. Руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека има жртви, но не даде дополнителни детали. Неколку локални медиуми објавија дека причина за пожарот е краток спој во светилка.