Во изминатото деноноќие се регистрирани 269 нови случаи на коронавирус, а 7 луѓее починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Дополнително пријавени се уште 8 починати лица во Регистарот од Мој Термин во период од 29 ноември до 19 декември.
Направени се 3.449 тестирања во изминатите 24 часа. Најмногу нови случаи има во Скопје – 142, Битола 17, Охрид 16, Кавадарци и Струмица по 14, Прилеп 13...
СЗО: Ниту една земја не може да излезе од пандемија со дополнителни дози вакцини
Регистрирани сe 353 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 5.174.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројката на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868.