Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Авганистанците бараат меѓународната заедница да им ги одмрзне парите

Стотици Авганистанци маршираа денеска во Кабул со барање да биде одмрзнат имотот што им го замрзна меѓународната заедница, кога талибанците ја презедоа власта во август.  Станува збор за милијарди долари, кои Авганистанците бараат да им бидат одмрзнати оти земјата се соочува со растечка економска криза, која се заканува да се претвори во хуманитарна катастрофа.


Демонстрантите, држејќи транспаренти на кои пишуваше „Дајте ни да јадеме“ и „Дајте ни ги нашите замрзнати пари“, маршираа по централната авенија и во близина на американската амбасада, а талибанците се грижеа за безбедноста за време на протестот.

 

Откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во средината на август, меѓународната заедница одби да ги признае како нови власти, барајќи од нив да формираат инклузивна влада и да им обезбедат на граѓаните основни човекови права.



ОН - Талибанците стојат зад десетици вонсудски убиства во Авганистан


По преземањето на контролата во земјата, клучните глобални донатори го блокираа најголемиот дел од нивната помош за Авганистан, а меѓународната заедница ги замрзна резервите на авганистанската централна банка што се чуваат во странство.

 

Истражувањето на Светската програма за храна минатата недела покажа дека околу 98 отсто од Авганистанците не јадат доволно, при што седум од 10 семејства позајмуваат храна, што ги турка подлабоко во сиромаштија. Цените на храната, горивото и другите основни производи растат, со што стануваат недостапни за многу луѓе, а расте притисокот и врз авганистанската валута.

 

Претходно овој месец Светската банка соопшти дека донаторите одобрија трансфер на 280 милиони долари од замрзнатиот фонд на две хуманитарни агенции за да му помогнат на Авганистан да одговори на хуманитарната криза.









 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus