Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Рама го отвори состанокот на „Отворен Балкан“ и ги повика соседите да се вклучат

Албанскиот премиер Еди Рама, кој е домаќин на седмиот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан ги повика Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да станал дел од оваа иницијатива. Во Тирана на состанокот учествуваат и македонскиот премер Зоран Заев и српскиот претседател, Александар Вучиќ.


Тој рече дека состанокот е клучен, оти договорите што се потпишуваат денеска ќе направат важен чекор напред кон целта што ја има оваа иницијатива, односно да се гарантира целосна слобода на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги. Рама додаде дека во областа на слободата на движење на стоки ќе биде потпишан трипартитниот договор за извоз, сточарство и признавање на сертификати за акредитација и олеснување на извозот и увозот на стока, како и договорот за соработка во областа на ветеринарната медицина, храната итн.


Српскиот претседател Вучиќ рече дека договорите ќе ги направат земјите учеснички попривлечни за странските инвеститори.


Во своето воведно обраќање премиерот Зоран Заев рече дека „Отворен Балкан“ е автентичен, заеднички процес на Северна Македонија, Албанија и Србија, но иницијативата е отворена за сите земји во регионот.


„Од првата средба во Скопје во јули и првото потпишување на договорите, покажавме дека силната политичка волја може да се трансформира во брзо функционирање на нашите институции, што несомнено го покажува нашиот капацитет како земји за спроведување брзи, ефикасни и напредни реформи. Токму овој капацитет ќе го покажеме пред европските институции на патот на нашите евроинтеграции“, рече Заев.



Во Тирана средба на Заев, Вучиќ и Рама во рамките на Отворен Балкан


На Самитот во Тирана учествуваат и комесарот за проширување и соседски политики на ЕУ Оливер Вархеји, генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мејлинда Брегу, претставници на стопанските коморите на Албанија, Северна Македонија и Србија, како и голем број претставници на деловните заедници од трите земји и регионот.



По потпишувањето на договорите во 13 часот е најавена заедничка прес конференција.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus