Илјадници луѓе облечени како Дедо Мраз учествуваа во хуманитарната трка низ Мадрид денеска за да соберат пари за луѓето погодени од повеќе месечната ерупција на вулканот на шпанскиот остров Ла Палма.
Облечени во класични црвено бели облеки натпреварувачите трчаа низ главниот булевар во центарот на градот. Некои ги заменија традиционалните црвени панталони на Дедо Мраз со спортски шорцеви, а многумина носеа маски на лице како мерка на претпазливост од ширењето коронавирус.
„Морате да се обидете да бидете внимателни, особено пред Божиќ“, рече Тереза, една од учесничките на трката која носеше маска на лицето.
Илјадници луѓе се евакуирани, најмалку 2.910 згради се уништени, а плантажите со банани се опустошени на канарскиот остров Ла Палма. Вулканот Камбре Виеја почна да исфрла лава во септември и се уште е активен. Тој се активираше по педесет години мирување.