Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.814 тестирања, а регистриран е 301 нов случај на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 147, а двоцифрени бројки новозаразени има во Прилеп – 21, Кавадарци – 14, Ресен – 13, Охрид – 11, Битола – 10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица, најмладиот од Штип на 35 години, а највозрасниот на 91 година од Крива Паланка. Од министерството информираат дека сите се починати во болнички услови.
Европа воведува нови рестриктивни мерки поради ширењето на Омикрон
За истиот период се регистрирани 192 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 221.095, бројот на оздравени пациенти е 207.755, на починати е 7.801, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.