Владата ќе набавува 10 000 вакцини против Ковид 19 наменети за децата од 5 до 12 години. Вакцините се од производителот Фајзер и треба да стигнат во првото тромесечје на идната година. Составот на вакцината е ист како досега, со тоа што за малите деца се користи третина од дозата за возрасни.