Вакцините, но и големиот број на луѓе кои претходно прележале ковид-19 придонесоа до тоа во новиот бран предизвикан од сојот Омикрон, симптомите да се поблаги, изјави министерот за здравство на Јужна Африка, Џо Фала.
Омикрон варијантата првпат беше идентификувана во Јужна Африка кон крајот на минатиот месец.
„Веруваме дека е можно Омикрон варијантата да е помалку заразна, но за заштита придонесува и процентот на вакцинирани и процентот на оние кои стекнале имунитет на природен начин, односно биле во контакт со вирусот. Затоа болеста има поблаги симптоми“, рече министерот Фала на денешната прес-конференција.
Досегашниот развој на настаните сугерира дека сојот Омикрон кој го предизвика четвртиот бран на зараза во оваа земја, предизвикува поблаги симптоми од претходните соеви и покрај тоа што има рекорден број на дневно регистрирани случаи, но научниците не сакаа пребргу да донесат заклучоци.
Вакцини за деца над 5 години, педијатрите чекаат насоки - родителите збунети
Во Јужна Африка е вакцинирано 44 отсто од возрасното население со барем една доза на вакцина, што е повеќе од останатите земји во Африка, но помалку од целта што си ја зададоа властите.