Најмалку осум луѓе загинаа во големите поплави во северен Ирак, соопштија денеска властите на ирачките Курди. Тројца луѓе се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од поројните дождови во оддалечените области јужно од Ербил, главниот град на ирачката автономна област Курдистан.
Невремиња и поплави често погодуваат делови од Ирак во зимските месеци, особено на северот на земјата, но ретко се толку смртоносни.
Опасност од уривање на браната Мосул, загрозени 1,5 милиони граѓани
Неколку луѓе загинаа, а илјадници ги напуштија своите домови во големите поплави во северен Ирак во 2018 година.
Голем дел од ирачката инфраструктура е уништен по долгогодишните санкции за време на поранешниот претседател Садам Хусеин и американската инвазија од 2003 година, по која следеше брутална граѓанска војна.
И покрај релативниот мир по поразот на Исламската држава во 2017 година, негрижата и големата корупција спречија позначителна обнова во областите погодени од борбите.