Од луѓето кои се заразиле со ковид во изминатите четири месеци 32 отсто биле целосно вакцинирани, соопшти денеска Министерството за здравство. Министерството ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид 19, во период од 06 август заклучно со 16 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 16.12.2021 на територија на државата 64.963 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид 19, од нив 32 отсто биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица. Останатите заразени не биле вакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98 проценти, додека само 2 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Нови 298 случаи на коронавирус, 10 починати
Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2272 лица со ковид 19, 1790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а 21 процент од починаите од ковид примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.