Германија денеска протера двајца руски дипломати откако 56 годишниот руски државјанин именуван како Вадим Красиков, алијас Вадим Соколов беше прогласен за виновен од судот во Берлин за убиството на поранешен чеченски милитант Зелимкан Кангошвили во 2019 година по наредба на Москва.
Министерката за надворешни работи на земјата, Аналена Баербок рече дека за протерувањата е известен и рускиот амбасадор во земјата Сергеј Нечаев.
„Руската вмешаност во убиството на Торнике Кавтарашвили во август 2019 година беше сериозно кршење на германскиот закон и суверенитетот на Сојузна Република Германија“, рече Баербок.
Руски дипломат пронајден мртов пред амбасадата во Берлин
Зелимкан Кангошвили одредено време го користел и името Торнике Кавтарашвили. Престрелката, која се случи во паркот Клајнер Тиергартен кој се наоѓа на само неколку минути од зградата на парламентот во Берлин, ги затегна дополнително руско-германски односи. Судијата соопшти дека политиката не играла никаква улога во процесот.