Во изминатото деноноќие се регистрирани 353 нови случаи на коронавирус во Македонија, а 14 луѓе починале. Од нив 10 во изминатите 24 часа, а четворица починале меѓу 19 ноември и 7 декември, но биле пријавени денеска, информира Министерството за здравство. Починатите се на возраст од 62 до 91 години. Направени биле 3.162 тестирања.
СЗО против употреба на крвна плазма во лекувањето на ковид-19
Најголем број од новите случаи се во Скопје 174, Прилеп 42, Битола 27, Кавадарци 22, Куманово и Велес по 13, Валандово 9, Охрид 8, Кичево, Гевгелија и Неготино по 6, Тетово 5, Кочани 4, Свети Николе и Радовиш по 3, Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци по 2, и во Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица по еден нов случај.
Регистрирани сe 450 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428.