Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека со особено внимание ја следи критичната состојба во земјата предизвикана од невремето кое ја зафати Албанија, особено деловите во јужниот дел на земјата. Во Фиер и Валона има поплави во одредени делови од градовите, додека во северниот дел на земјата има снежни наноси кои предвизвикале отежнато движење по патиштата.
Поплави има во регионот на Валона, особено во областа Мифол каде поплавената површина на земјоделско земјиште надминува 1.200 хектари, додека многу села во Лумин и Валона се изолирани.
Исто така во северниот, североисточниот и југоисточниот дел на земјата многу области се блокирани од обилни снежни врнежи, завеани населени места и многу од нив без електрична енергија.
„Во знак на солидарност со жителите погодени од последиците од лошите временски услови, ги повикувам сите одговорни државни институции да бидат целосно посветени на безбедноста на животот и имотот“, изјави Мета.
Поплави во Албанија, војската доставува храна
Тој смета дека институционалниот проблем лежи во како што вели, фактот што Цивилната заштита и Префектурите претходно не го известиле населението во подрачјата со висок ризик.