Во изминатото деноноќие се евидентирани вкуоно 377 нови случаи на заразени со ковид-19 од вкупно 3.608 направени тестирања. Најголемиот дел од новозаразените се од Скопје, вкупно 164.
Во изминативе 24 часа се евидентирани вкупно 12 починати од компликации настанати од ковид-19. Пет лица од починатите се од Скопје на 63, 82, 85, 85 и 87-годишна возраст и по едно починато лице од Куманово (61г), Охрид (58г), Битола (67г), Штип (66г), Струмица (62г), Крива Паланка (78г) и Виница (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 6 декември 2021. Регистрираното починато лице е од Скопје на возраст од 92 години. Лицето е починато во болнички услови.
Пендаровски прими трета доза вакцина против ковид-19
Досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677.