Собранието денеска на почетокот на 54. седница ги констатираше оставките на министерот за земјоделство и на заменик-министрите за образование и за култура.
Констатирани се оставките на министерот Арјанит Хоџа, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани и заменик-министерот за култура Седат Сулејмани.
Тие беа дел од Владата на предлог на партијата Беса, кога доскоро беше дел од владината коалиција.
Кадрите од Беса на 12 ноември си поднесоа оставка од функциите, поради, како што рекоа, нарушување на демократијата за време на локалните избори кои се одржаа неодамна.
Хоџа си поднесе оставка од министер за земјоделство
Беса и СДСМ за минатогодишните парламентарни избори направија предизборна коалиција и заедно настапија на изборите. Потоа за формирање на влада коалицираа со ДУИ и ДПА.