Светската здравствена организација советува крвната плазма на лица кои се опоравиле од ковид-19 да не се користи за лекување на заболените, зашто достапните податоци во овој момент покажуваат дека тоа не ги подобрува шансите за преживување, ниту ја намалува потребата од респиратор.
Хипотезата за користење крвна плазма е дека антителата која ги содржи би можеле да го неутрализираат коронавирусот, запирајќи го неговото размножување и оштетување на ткивата.
Неколку студии кои ја тестирале крвната плазма не покажале видлива корист во лекувањето на тешко заболени од ковид-19. Истражување во САД е прекинато во март, откако се утврдило дека плазмата веројатно нема да им помогне на заболените од коронавирус.
ЕУ: можно олеснување на ограничувањата за патување на југот на Африка
Панел на меѓународни стручњаци даде силна препорака против употребата на плазма кај пациенти кои немаат тешка болест, соопштија од СЗО. Исто така советуваа да не се користи кај пациенти со тешка и критична болест, освен во контекст на спорадично контролирано испитување.
Оваа метода исто така е скапа и долготрајна во примената, наведоа од СЗО.
Препораката објавена во Бритиш медикал џурнал се заснована на докази од 16 испитувања во кои биле вклучени 16.236 пациенти со полесна, тешка и критична зараза со коронавирус.